HomeМакедонијаБеровскиот градоначалник Звонко Пекевски повторно вработил свој близок во државна институција

Беровскиот градоначалник Звонко Пекевски повторно вработил свој близок во државна институција

Published on

Домот за стари лица, др Иван Влашки, во Берово, е новото сигурно работно место, финансирано од буџетски пари на Јаворка Рунтевска,сестра на беровскиот градоначалник Звонко Пекевски.

Рунтевска во оваа институциуја доаѓа од конфекцијата Бетекс, што значи дека напорното работно место го заменила со полесно. Дали во случајот има судир на интереси, бидејки, Домот е под ингеренции на општината.

Се воздржувам од секаков коментар, децидна беше директорката  Живка Бојчовска – Каламадевска, очигледно не расположена за разговор на оваа тема.   

За вработувањето на неговата сестра и споменатиот судир на интереси, градоначалникот Пекевски изјави

Конкурсот и постапката се спроведени согласно Законот,а известена е и Антикорупциската Комисија од која е и побарано мислење.Освен Антикорупциска сите останати надлежни институции ќе се произнесат за тоа дали со вработувањето на мојата сестра има судир на интереси,објасни Пекевски.

Ова вработување на работно место каде платите доаѓаат од Буџет за семејствата  Рунтевски и Пекевски не е прво,бидејки пред неколку години во ЈПК Услуги Берово е вработен и зетот на Пекевски ,односно, сопругот на Јаворка,Горан Рунтевски.

Уште пред тоа на почетокот од првиот градоначалнички мандат Пекевски во крајно проблематична ситуација од Струмица во Берово на работа, ја повлече неговата сопруга.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СОНК и Владата се договорија за поголеми плати во образованието

СОНК и Владата се договорија за поголеми плати во образованието. Претседателот Јаким Неделков е...

Лефков: ДУИ  се дволични за Балансерот

ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулираат со народот изјавиа денес...

Цените за децата во градинките во Штип останува иста

Цената на услугите за децата во штипските градинки останува иста, односно родидтелите и понатаму...