Официјална Приштина реагира по информациите дека Русија распишала меѓународни потерници за некои функционери на елитните единици на косовската полиција. Министерот за внатрешни работи Џељал Свечла изјави дека официјално биле информирани дека постои таква потерница против командантот на специјалната единица Бесарт Ахмети.