HomeШтипПоради граѓанско самоволие, комунален хаос со стаж од половина век,е присутен на...

Поради граѓанско самоволие, комунален хаос со стаж од половина век,е присутен на штипската улица Широк Дол

Published on

Речиси половина век, граѓанското самоволие прави комунален хаос на улицата Широк Дол во Штип. Позади тамошните згради и куќи на дел од оваа улица има депонија на која може да се најде сешто, реагираат жители од улицата.

Туѓата несовесност некои од жителите на улицата ги принудува и самода решаваат дел од проблемот

Она што за другите е неодговорност, за семејството Величкови е проблем, бидејки од отпадот одводната цевка постојано е нефункционална, па, дел од водата завршува во нивните простории.

Нашите соговорници се крајно разочарани од соседите и жителите од оваа улица, па и ако досега  Јавните претпријатија  многу пати реагирале, тие ги повикуваат уште еднаш да го исчистат одводниот систем.

Посочената локација е постојано голем проблем, исклучиво поради неодговорните граѓани. ЈП Стипион безброј пати досега апелира на одговорност, но,резултат нема. Во најкратко време каналот ќе го оспособиме повторно,но, нашите ресурси се ограничени и во секој случај помали од граѓанската неодговорност, велат од Стипион…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апсурд, незадоволство и петиција. Еден жител ја кочи реконструкцијатав на патот Делчево – Габрово

Само еден жител од делчевското село Габрово ја кочи реконструкцијата на регионалниот пат Делчево-Габрово. Незадоволни,...

Меѓународен ден на Децата на улица. Зошто на улиците се само деца Роми ?

Скоро сите деца на улица се од Роми, потенцира Васка Бајрамовска-Мустафа, советничка на омбудсманот...

Рачно изработен кујнски прибор од дрва. Љубов на дедо Санде од Врсаково

76 годишниот дедо Санде од Врсаково веќе половина век изработува кујнски прибор од дрва,...