HomeШтипМетоди и Марија Даневи. Тој е горд татко и ментор, а таа...

Методи и Марија Даневи. Тој е горд татко и ментор, а таа пее фатално искрено и импресивно точно

Published on

Методи и Марија Даневи се татко и ќерка кои со секогаш ведрото расположение, талент и песна воодушевуваат. Нивната врска како татко и ќерка воопшто не е вообичаена, бидејќи освен семејното нив со сета сила на љубовта заедно ги држи музиката.

Пасионирано ја сакаат и велат дека ниту еден момент неможат, а да не пеат или споделат нешто во врска со неа.

Методи, Тоте Данев е оддамна познат забавувач кој нема кого не расположил со неговата енергија и музика. Што ти е куќа или кафеана во која не би засвирел и запеал Тоте, би рекле штипјани.

Тоте пее, зборува и убедува заразно и ретко кој се спасил од неговата песна, а истото се случи и со неговата ќерка Марија. Беше невозможно тој неа да ја остави сама да избира.

Поинаку и неможело да биде, бидејќи Марија е извонреден талент и женски вокал кој Штип и пошироко досега го немале. Пее за сите музички мераци.

Без оглед што и двајцата јавно настапуваат тие дома постојано и едноставно пеат. Верувале или не пеат со часови.

За разлика од нив другата половина од семејството  музички е пасивна.

Марија, музичкиот бисер на Штип во музиката се гледа засекогаш и вели дека сите патишта ја водат кон неа, но сепак, неодоливо ја привелува воспитувањрот на децата.

Тоте, вели дека е горд што Марија е негова музичка крв и во се ќе ја поддржи, но најважно му е што нивниот дом е постојана музика.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...