За да не се повтори минатогодишниот сканадал , кога матурантите ги пробија прашањата и преку Вибер ги споделија, оваа година државната матура ке се полага во спортски сали.
Целта на новиот начин на реализирање на испитите е самостојно решавање на тестот, но како Дравниот испитен центар ке го спречи тоа и во новите услови?
Работна група на Државниот испитен центар , во која учествувале и претставници од Министерството за образование и наука, ги контактирала сите средни училишта и собрала податоци за нивните просторни услови и според нив најголемиот дел од училиштата имаат доволно големи простории за своите ученици.
Двата екстерни испита од државната матура во јунската сесија оваа година ќе се полагаат на 1 јуни – задолжителниот испит (македонски јазик, албански и турски јазик) и литература и на 8 јуни – изборниот испит (математика, англиски , француски , германски и, руски јазик, филозофија и естетика).