Просечната плата СДСМ ја покачи на историски највисоко ниво од 40.000 денари или 650 евра, а во новиот мандат таа ќе достигне 1.000 евра, рекоа денес на прес од СДСМ.
Не само што го исполнивме изборното ветување пред граѓаните за 500 евра просечна плата туку и го надминавме на 650 евра. Поголеми плати значат повеќе пари во џебот на граѓаните, повисок и подобар животен стандард. Затоа СДСМ и во новиот мандат, во новата програма продолжува со политиките на зголемување на платите. Ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра, рекоа од СДСМ.
Од друга страна претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христријан Мисцкоски на овие констатации од СДСМ одговори.