HomeМакедонијаТие доаѓаат. Над 1.000 готвачи, келнери, шанкери, собарки и друг помошен персонал...

Тие доаѓаат. Над 1.000 готвачи, келнери, шанкери, собарки и друг помошен персонал од Непал, Филипини и Малта од ова лето се на работа кај нас

Published on

Над 1.000 готвачи, келнери, шанкери, собарки и друг помошен персонал од Непал, Филипини и Малта ова лето доагаат на работа кај нас а првенствено во Охрид. Тие треба да го решат огромниот дефицит на работна сила кој особено е изразен во угодтотелско-туристичкот сектор.

„Околу 1.100 вработени ќе има на цела Охридска ривиера со веќе завршени процедури и треба да дојдат. Кога правите споредба платата што би ја дале на овдешен работник и на некој од Непал, не ви доаѓа поефтино да ги платите од овдешните работници. Ние им ја даваме истата плата, дури и повеќе, но кај нас има тренд за заминување иако платите се солидни“, изјави Муса Рашид- сопственик на хотел во Охрид.

Проблемот кој за овој сектор е огромен го доведува во прашање неговото опстојување бидејќи работници едноставно нема. Што за ова велат угостителите од Источниот регион и дали тие размислуваат за странска алтератива?

Поради сезоната во Хрватска која ќе започне 2 месеци порано 40% од вработените веќе си дадоа отказ. Се обидуваме решение да најдеме овде, но доколку не успееме ќе бидеме принудени на увоз, рече Љубан Стаменик, сопственик на познатиот Cofee Lab од Штип.

Оваа година конечно треба да се спаси туристичката сезона, но и секојдевното работење на кафе баровите но параалено на истиот начин проблемот ке го решаваат и во стопанствотп. Тоа е исцрпено со работна сила бидејки годишно заминуваат по најмалку 10 000 работници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...