Хулигани ноќеска направиле ршум и уништиле урбана опрема на пешачката патека во Штип. Оштетени се неколку канделабри и друга опрема, поради што апел за општествена одговорност упати и градоначалникот Иван Јорданов:
Ги повикуваме сите жители на поголема општествена одговорност и да ги осудат ваквите деструктивни акции. Само преку колективна свест и одговорност можеме да ги заштитиме нашите јавни површини и да го зачуваме нашиот град, апелираше Јорданов.
Дежурните екипи на ЈП“СТИПИОН“ веднаш интервенираа и ги санираа штетите и ги оспособија канделабрите за граѓаните безбедно да можат да ја користат патеката.