HomeМакедонијаМВР ја решава дилемата кај граѓаните и ловџиите. Промена на дозволите за...

МВР ја решава дилемата кај граѓаните и ловџиите. Промена на дозволите за поседување на оружје нема да има

Published on

Дали согласно задолжителната промена на личните документи, спаѓаат и дозволите за носење на оружје, прашуваат граѓаните.

Ловџиите и Ловните друштва засега не се официјално известени дека и нивната документација со која се дозволува легално поседување на оружје е подложна на промена.

Во мегувреме, од МВР за ТВ Стар дилемата кај граѓаните и ловџиите ја решаваат со следнава информација.

Во согласност со Преспанскиот договор, замената на дозволите за оружје спаѓа во таканаречениот Политички преоден период, и се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба.Тоа значи дека и издавањето на дозволите за оружје кои ќе го содржат називот „Република Северна Македонија“ ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш, информираат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...