Денеска се комплетира списокот на кандидатите за претседател на државата. За претседателската фотеља, претендираат деветмина кандидати, од кои три жени и шест мажи.
Тоа се: Арбен Таравари од албанскиот опозициски блок, Билјана Ванковска од Левица, Вело Марковски како независен кандидат ,Стевче Јакимовски, кандидат од ГРОМ,актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски од СДСМ.ДУИ е во трката со актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи.Од ВМРО-ДПМНЕ кандидат е Гордана Силјановска Давкова,
Максим Димитриевски е кандидатот од партијата ЗНАМ, а за прв пат, на овие претседателски избори, Бошњаците имаат свој кандидат.Се работи за Мерсиха Смаиловиќ, кандидирана од партијата Бошњачки демократски сојуз.