HomeМакедонијаКовачевски и Спасовски ќе примаат по 2.500 евра месечно апанажа цела година,...

Ковачевски и Спасовски ќе примаат по 2.500 евра месечно апанажа цела година, екс премиерот побарал и службена кола

Published on

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски одат на апанажа.

Дел од членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги усвоија решенијата за остварување на правото на апанажа на двајцата членови на кои им престанала функцијата.

Надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата. Со одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, висината на апанажата што ќе ја добива поранешниот премиер Димитар Ковачевски ќе биде 156.482 денара, додека на Оливер Спасовски 153.037 денари, колку што им биле и платите додека ја вршеле функцијата.

Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...