HomeМакедонијаПотрошувачката кошничка речиси 1000 евра. Најголеми трошоци за храна

Потрошувачката кошничка речиси 1000 евра. Најголеми трошоци за храна

Published on

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување за 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка.

Со изнајмен стан од 60 квадрати, минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денари и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари.

Според податоците што ги објави ССМ, најголеми трошоци семејството има за храната и пијалаците – 21.219 денари, потоа образованието и режиските трошоци. За транспорт месечно четиричлено семејство треба да издвои 4.956 денари, додека за рекреација и култура 4.245 денари, а за личната хигиена – 2.912 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апсурд, незадоволство и петиција. Еден жител ја кочи реконструкцијатав на патот Делчево – Габрово

Само еден жител од делчевското село Габрово ја кочи реконструкцијата на регионалниот пат Делчево-Габрово. Незадоволни,...

Меѓународен ден на Децата на улица. Зошто на улиците се само деца Роми ?

Скоро сите деца на улица се од Роми, потенцира Васка Бајрамовска-Мустафа, советничка на омбудсманот...

Рачно изработен кујнски прибор од дрва. Љубов на дедо Санде од Врсаково

76 годишниот дедо Санде од Врсаково веќе половина век изработува кујнски прибор од дрва,...