Врсничкото насилство во училиштата е се поприсутно и за негово спречување треба да се вклучат сите институции, порача министерот за обрзование Јетон Шаќири.
Освен институциите, голема улога во оваа насока имаат и родителите, потенцираше Шаќири.
Според Снежана Санева, раководител на одделението за образование, Штип е речиси оаза на мирот кога во прашање е врсничкото насилство. Во првиот период од училишната година пријавено е само едно, а во второто полугодие досега нема ниту еден случај.
Во останатите општини од регионот врсничкото насилство е присутно, но во се помала форма, а случај кој предизвика внимание е оној од летото кога родител пријавил дека наставничката го малтретира неговиот син.