HomeМакедонијаВо Кочани уапсена банда сериски разбојници

Во Кочани уапсена банда сериски разбојници

Published on

Полициски службеници од Кочани лишија од слобода тројца малолетници од Кочани поради сомнение дека над 30 тешки кражби

Според пријавеното, на 17.02.2024 околу 07.00 часот физички и со тврди предмети го нападнале М.А. од Кочани во дворот од неговата куќа, по што му одзеле пари.

Со малолетниците бил извршен службен разговор во полициска станица, по насока на јавен обвинител, против нив е поднесено известување до ОЈО поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” по член 237 од Кривичниот законик.

Инаку, тројцата малолетници се сомничат дека во претходниот период извршиле повеќе од 30 кривични дела „кражби”, „тешки кражби”, „тешки кражби на дрзок начин”, „разбојнички кражби” и „разбојништво”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...