HomeМакедонија Уште две аптеки ноќеска ограбени во Кочани

 Уште две аптеки ноќеска ограбени во Кочани

Published on

Нов грабеж на аптеки се случил ноќеска во центарот на Кочани, откако повторно на идентичен начин како и пред два дена разбиени и ограбени се две аптеки со продажни објекти на улицата „Кеј на револуцијата“ и „Маршал Тито“ кај Градскиот плоштад, пренесува порталот Гласно.мк

Според информации од читатели, крадците влегле во аптеките со кршење на стаклата од влезните врати на објектите. Аптеките се разбиени иста вечер и се на 50 метри оддалечени една од друга.

Периодов Кочани е мета и под закана на криминалци кои безмилосно разбиваат и крадат вредна стока, пари и покуќнина во продажни објекти и семејни домови, констатира Гласно.мк.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...