Улиците во Источниот регион се удавени во мрак,реагираат граѓани од повеќе општини.Тие во мракот се чувствуваат небезбедни,а на крајот од месецот измамени, бидејки за улично плаќаат,а улично немаат.
Граѓани на Пехчево од десетина улици се соочуваат со истиот проблем и бараат решение. Што за ова,градоначалникот Александар Китански вели.
Сепак,најголем проблем со уличното се чини дека има во Македонска Каменица. Од таму, жители се жалат подолг период ,а, меѓувреме велат дека со градоначалникот на оваа тема никако не може да се разговара.
Уличното осветлување во оваа општина беше проблем кој советничките групи на Советот ги доведе до работ на инцидент,но очигледно истиот не е решен.Зошто.
Одлуката на Уставниот суд по поднесената Иницијатива од општина Македонска Каменица за ослободување од плаќање на улично осветлување на незадоволните жители е решението на проблемот, објасни градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасов.
Проблеми со уличното има и во останатите општини што укажува дека таму сеуште не се решени основни комунални работи.