Рудникот САСА воведува нов метод за откопување на рудата и нов начин на управување со јаловината што ќе има долгорочно позитивно влијание за животната средина.
Во оваа насока министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова која денес беше во посета на рудникот изјави:
Саса е добар пример како треба да се инвестира во животната средина и како со транзиција и примена на најдобрите достапни технологии може да се обезбеди одржливо искористување на природните ресурси и да се обезбеди економски бенефит, но не на штета на животната средина, истакна Шукова.
Од рудникот САСА потенцираат дека во изминатите години во овој рударски капацитет интензивно се вложувало во различни области, вклучително и во животната средина.
Капиталните инвестиции се во насока на развивање на безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на Рудник Саса и продолжување на „животниот век“ на рудникот, велат од менаџментот на рудникот.
Рудникот САСА е во финална фаза во постапката за измена на А – Интегрираната еколошка дозвола, информираат од МЖСПП.