До 19 март ќе се знаат сите кандидати за претседател. До овој датум сите политички партии или независни кандидати до ДИК треба да ја достават законски потребната документација за кандидатура, објави Државната изборна комисија.
ДИК извести и дека до 26 март партиите имаат рок да ги предложат своите членови за избирачките одбори, по што по само два дена, на 28 март ќе се оддржи ждрепката за утврдување на единствената листа за кнадидати за избор на претседател.
По ова, на 2 април кандидатите ќе потпишат кодекс за фер избори, а од 4, па до 22 април трае изборната кампања за претседател на државата.
Она што за граѓаните е особено важно е и известувањето за увид во избирачкиот список. Тој според Државната изборна комисија секој граѓанин ќе може да го направи од 28 февруари, па до 18 март.
Граѓаните кои се во странство, а сакаат да гласаат крајниот рок за пријавување е до 18 март.