Според католичкиот календар утре е Св. Валентин, ден на вљубените.
Иако, овој празник го почитува католичката вера тој е широко прифатен помеѓу младите и кај нас.
Досега, вообичаено љубовта се потенцираше и со скапи подароци. Дали тие вистински значат љубов и дали можат да ја заменат ?
Во земјите каде овој празник е исклучително популарен овогодишните трендови се дека љубовта треба да се искаже симболично. Што тоа може да биде ?
Од овие причини, штипските цвеќарници уште денес беа подготвени за утрешниот ден.
Секако, утре се нема да биде сведено на симболика, бидејќи сосема е јасно дека скапи подароци сепак ќе има.