HomeМакедонијаСпречен шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на...

Спречен шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните

Published on

Мобилен тим на Секторот на контрола и истраги спречи шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава.

Месото од дивеч во вредност од 4 милиони денари, ниту било декларирано во царинската декларација ниту пак превозникот за него имал соодветен сертификат, и дозвола од соодветна надлежна институција Агенција за храна и ветеринарство.

Во царинската декларација стоката е декларирана како „пластични палети и подвижни метални рафтови“ со вредност од 3.750 евра или само 5,6 проценти од вкупната вредност на стоката.

По отворање на возилото во 29 пластични палети е пронајдено замрзнато месо од разен дивеч, зајаци, фазани, еребици, за кои не поседувал никаква документација.

Против сторителот е поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски пред парламентот наидовме на опљачкана држава и кримал на секаде

Наследивме опљачкана држава и кримаинал на секаде околу нас но за 30 дена од...

Угледниот професор Бранимир Јовановиќ алармира : за камати годишно плакаме повеке отколку за пензии и социјална помош

Постојат два загрижувачки индикатори поврзани со ребалансот на Буџетот за 2024 година што новата...

СДСМ повторно  поставува прашања за имотот на Јанушев и Тошковски

СДСМ  денес повторно поставува прашања за имото на Игор Јнаушев и Панче Тошковски. Првиот...