Од вечерва на полноќ дизелот и бензините повторно поскапи. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит, и од полноќ едел литар ќе чини 83,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 1,50 ден/лит, и тој ќе чини 79,50 ден/лит.