HomeМакедонијаМВР: Ако возачката дозвола е без "северна" штетата во сообраќајнанесреќа ја плаќа...

МВР: Ако возачката дозвола е без “северна” штетата во сообраќајнанесреќа ја плаќа возачот

Published on

Од ноќеска на полноќ, 13ти февруари ќе важат само возачките довзоли кои се со името Република Северна Македонија, стои во соопштението на МВР.

Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија

Она што е веројатно и најважно е дека во исто соопштение стои и дека во случај на несреќа штетата ја плаќа возачот.

Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета

Ова навлече гнев кај возачите кои вооопшто не може да разберат која е логиката на ова предупредување бидејќи тие веќе платиле за осигурување .

Од друга страна од некои агенции за осигурување ни потврдија

Како осигурителна компанија ние сеуште немаме добиено никакво известување од  Националното биро за осигурување во врска со предупредувањето од МВР.  За нас останува се по старо е додека не добиеме инструкци од спомената институцуија,изјавија нашите соговорници .

Проверивме и на страницата на Националното биро за осигурување каде исто така немаше никаква информација за предупредувањето од МВР, Останува нејасно дали се работи за некоординираност или нешто слично

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...