Од 1 февруари паскапе венчавањето надвор од просториите на Управата за водење матични книги.
За да дојде матичар и да ги венча младенците во ресторан или на друго место надвор од Управата, сега ќе се наплатува за 40 отсто повеќе.
Досега венчавањето во ресторан чинеше 3.765 денари во работни денови, а сега цената е 4.765. За викенд или во саботата и недела цената од 7.472 е се покачи на 10.484 денари.
Директорот на Управата за водење матични книги Емир Сулејмани вели дека цените се прават според Правилникот за работа донесен во 2013.
„Секоја година се врши зголемување или намалување на цените согласно просечната бруто плата во државата. Сакам да потенцирам дека станува збор за венчавки надвор, што се еден вид луксуз. Венчавање во простории на Управата и понатаму е бесплатно“, вели директорот Сулејмани.
Во Штип и другите градови од Регионот цената е 10.500 денари.