Посетата на претседателот на СДП на Германија, Ларс Клингбеил е силната поддршка од германските социјалемократи, истакнаа во соопштение од СДСМ.
СДСМ покажа вистински социјалдемократски потенцијали и испорача економски резултат, во најголемата глобална криза во современ контекст, ги заштити стандардот на граѓаните и одржливоста на економијата. СДСМ има и коалициски капацитети како ниедна друга партија во земјава, со што може да обезбеди и по изборите, формирање стабилна Влада со проевропска ориентација, напишаа од партијата.
Наспроти ова, ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат на државата, а нема став која е алтернативата, без членство во ЕУ, додадоа од СДСМ.
ДПМНЕ се противеше на Францускиот предлог, на пратениците на ДПМНЕ немаа став, па не гласаа кога овој предлог, беше ставен на гласање во Собранието. Ширеа лаги и сееја став меѓу граѓаните за асимилација и бугаризација, за губење на македонскиот јазик, а, како што се без став, не гласаа во парламентот за договорот Фронтекс. ДПМНЕ е политички феномен, дополнија од СДСМ.