HomeМакедонијаПовеќе од половина сметаат дека ако останат во Македонија ќе им биде ...

Повеќе од половина сметаат дека ако останат во Македонија ќе им биде  полошо

Published on

Колку животот ни е добар, дали одиме во добра насока  и што најмногу им пречи на граѓаните во државата, ова се само некои од прашањата во анкета која ја  спроведе Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ изнесувајки нови податоци за размислувањето, располоението и плановитр на  македонските грагани. Еве ги финалните  резултати од опсежната анкета. 

Повеќе од половината, 57,6 отсто, од македонските граѓани сметаат дека нивниот живот ќе биде полош во иднина доколку останат да живеат овде. Понатаму, 22,9 отсто очекуваат животот да им остане со ист квалитет, а само 16,9 отсто од испитаниците искажале оптимизам за ова прашање.

На прашањето кои се најголемите проблеми на граѓаните и државата, 18% се изјасниле дека корупцијата е клучен проблем, 15,5% рекле дека тоа се ниските приходи, а 14,5% – криминалот. Понатаму на листата на проблеми следуваат: политичката нестабилност , сиромаштијата , невработеноста , здравствената заштита и партизацијата со 5,7%.

Она што  можеби е најзагрижувачко и не дава никаков оптимизам е следното. 68,3% од македонските граѓани сметаат дека државата се движи во погрешна насока, 11% сметаат дека се движи во правилна насока, додека 17,5% одговориле дека стои во место,

Во однос на довербата на граѓаните во институциите, најслабо стои Парламентот, кому целосно му веруваат само 1,9 %. На судството само 3,2%  а со исклучително ниска доверба се и Владата и политичките партии, со ниво на целосна доверба од само 4,6% .

Анкетата  е  изработена од агенцијата „Проспект М“ во периодот од 09.01 до 21.01.2024 на репрезентативен примерок од 1.000 граѓани, со маргина на грешка 3,1% и со ниво на доверба од 95%.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...