Нова противпожарна опрема добија пожарникарите од Свети Николе како резултат на меѓуопштинска соработка помеѓу Свети Николе и Лозово.
Во рамки на проектот беше изработена и веб страна за противпожарната единица, а општините се приклучија кон веб и мобилната апликација за пријавување проблеми во заедницата „Пријави 24“. Вкупната вредност на проектот изнесува 1,540,708,00 МКД од кои општините кофинансираа 265,782,00 МКД.