HomeМакедонијаПотребна е итна хуманост. Едногодишниот Јаков од Виничко Трстија се бори за...

Потребна е итна хуманост. Едногодишниот Јаков од Виничко Трстија се бори за живот

Published on

Едногодишниот Јаков Ампов од селото Трстија – Виница се бори со редок вид на леукемија (Dg.Leukaemialymphoblastica acuta).

За негово успешно лекување неопходни се 20 илјади евра за тој да замине на третман во Турција, поради што на семејството на Јаков им е потребна финансиска помош.

Потребна е итна трансплантација на коскена срж кој ќе значи здравје и живот за ова мало детуле од село Трстија-Виница. Овој третман се изведува во Турција и потребни се 20.000 евра за реализација на истиот, паричен износ кој семејството не може да го обезбеди. Затоа се отворени донаторски сметки и АПЕЛ на хуманитарната светска платформа за донации – стои во објавата на социјалните мрежи.

Исто така креиран е Хуманитарен апел за Јаков на плаформата „Go Fund Me“ и од потребните 20.000 евра, собрани се од донации 9.296 евра, донирано од 218 донатори од Македонија и светот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...