HomeШтипНа диви депонии и комунален неред реагираат граѓани на Штип

На диви депонии и комунален неред реагираат граѓани на Штип

Published on

На повеќе комунални проблеми реагираат граѓани, гледачи на ТВ Стар, апелирајќи овие проблеми да се решат. На нив им пречи несовесноста и  граѓанската неодговорност, па јавно бараат решение.

Така, на улицата Широк Дол несовесноста направи дива депонија која ЈП Исар досега неколку пати ја отстрануваше, но таа повторно расне, па на неа сега може да се види сешто.

На улицата Пролетерска, граѓаните алармираат за склонопадно дрво и бараат интервенција од Исар како превентива од негово паѓање, штети и слично.

Еден од поголемите проблеми со кои ЈП Исар се соочува е така наречената стара депонија, каде оддамна е забрането фрлање на шут и ѓубре, но забраната не се почитува, поради што таа се проширува, а често и се пали. Што за овие проблеми велат од ЈП Исар.

Освен овие, во Штип се појавуваат и други комунални проблеми надвор од надлежностите на ЈП за што одговорноста е на граѓаните.

Од ЈП Исар велат дека градот нема да го остават во грда слика, но граѓанската комунална деструкција мора да стивне.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема бегање од сообраќајните казни. Ќе стигнуваат во плик и со фотографија како доказ

Нема бегање веќе од направените сообраќајни прекршоци и тие ќе стигнуваат на домашна адреса...

До денес никој од претседателските кандидати ги нема собрано потребните 10.000 потписи од граѓаните

До денес ниту еден од 11те канидатите за претседател ги нема собрано потребните 10.000...