HomeМакедонијаНалепниците со НМК  ќе има од утре

Налепниците со НМК  ќе има од утре

Published on

Налепниците со новата ознака за возилата во државата „НМК“ се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до техничките прегледи ширум државата, изјави за „Слободен печат“ техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Според Тошковски, налепниците ќе бидат на товар на МВР, иако претходно беше предвидено граѓаните за нив да плаќаат од 30 до 50 денари.

Толку очекуваните  налепниците  стигнуваат  во  речиси последен момент бидејки по 12 февруари со сегашните ресгистарски таблички државата  не ќе може да ја напушти ниту едно возило што е во согласност  со Прспанскиот договор со Грција  при менувањето  на името.

 Истото важи и за личните документи  со кои без Северна државата  неможе да се напушти без оглед на нивната важност. Редиците за нивна замена сеуште се присутни но не во толкава мера и со тензија како  во изминатите два месеци. За лична карта и пасош , на пример во Штип, се чека не повеќе од 15 до 20  дена во редовна и само неколку  дена  во брза постапка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апсурд, незадоволство и петиција. Еден жител ја кочи реконструкцијатав на патот Делчево – Габрово

Само еден жител од делчевското село Габрово ја кочи реконструкцијата на регионалниот пат Делчево-Габрово. Незадоволни,...

Меѓународен ден на Децата на улица. Зошто на улиците се само деца Роми ?

Скоро сите деца на улица се од Роми, потенцира Васка Бајрамовска-Мустафа, советничка на омбудсманот...

Рачно изработен кујнски прибор од дрва. Љубов на дедо Санде од Врсаково

76 годишниот дедо Санде од Врсаково веќе половина век изработува кујнски прибор од дрва,...