Се срамам што живеам во ваква држава, кога воспитно образовниот процес е доведен во прашање поради партиска припадност, изјави денес штипскиот градоначалник Иван Јорданов.
Ваквиот револт на Јорданов доаѓа поради фактот што поради субјективни причини децата во штипските градинки немаа можност за соодветно згрижување и голем број од децата се враќаат.
Техничкиот министер Ѓоко Велковски кој денес беше во посета на Штип потврди дека соработката помеѓу општината и министерството за труд и социјала не била на потребното ниво.
Сепак, Велковски вети брз одговор на оваа досега како што беше речено недопустлива состојба.
Освен Штип, вакви проблеми има во целата држава и тој се сведува на 900 воспитувачи и директори кои чекаат на нови или обновување на старите лиценци од причина што нема избрано лиценцирана фирма за издавање на лиценци.