HomeМакедонијаПензиите се неправдени. Во Собранието доставена    Иницијатива, пензионерите со ист стаж да...

Пензиите се неправдени. Во Собранието доставена    Иницијатива, пензионерите со ист стаж да имаат исти пензии

Published on

Граѓаните да се изјаснат дали треба да се донесе закон за државна пензија, според кој сите пензионери со ист стаж ќе имаат исти примања. Ваква Иницијатива  е доставена до Собранието  собирање 150 илјади потписи, што ќе овоможи референдумско изјаснување на оваа тема а прашњњето би гласело.

„Дали сте за или против донесување на закон за државна пензија со која сите пензионери со ист стаж ќе имаат иста пензија, а пензиите согласно стажот ќе бидат пресметани според табелата дадена во прилог“.

Во Иницијативата, Предлагачите посочуваат дека висината на државната пензија се пресметува според работниот стаж на пензионерот и висината на просечна плата во Македонија, а во табелата се наведени направените пресметки, базирани на просечна плата од 36 илјади денари.

Лицата со работен век кој надминува 35 години би требало да имаат државна пензија во износ од 27 илјади денари а за они со помалку  би се пресметувало според годините на стаж помножено со 0,75%.

За оние што немаат работен стаж се предвидува сума од девет илјади денари: 36.000 x 0,25 = 9.000.

„Граѓанската иницијатива ја покренуваме бидејќи кај нас пензиите се неправедни  а со мали корекции сите би биле задоволни, се вели во Иницијативата доставена до Собранието чиј  Овластен предлагач е Страшо Јованов

Оваа Иницијатива за граѓаните е добра бидејќи и тие сметаат дека пензиите кај нас се неправедни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...