HomeМакедонијаВтор ден штрајк на вработеите во ФЗО. Одлуката за платите треба повторно...

Втор ден штрајк на вработеите во ФЗО. Одлуката за платите треба повторно да се разгледа, вели Џафери

Published on

Втор ден вработените во ФЗО се на штрајк, нема исплата на боледувања, породилно, барања за рехабилитација и ортопедски помагала, за осигурување во странство, за двојазични обрасци итн.

За утринска на Канал 5 претседателот на синдикатот на ФЗО, Бранко Аџигогов потврди дека сеуште не се знае што ќе се случува со платите на вработените и оваа неизвесност е неприфатлива.

Штрајкот на вработените во ФЗО го поддржуваат и матичните лекари, кои сметаат дека владата треба да ја преиспита својата одлука.

Преиспитување на одлуката за намалување на платите во интервју за МИА побара и Техничкиот премиер Талат Џафери.

Во однос на ФЗОМ е последица на Законот односно одлука која што ќе треба да се доразгледа, во кој дел е спорна и зошто требало како резултат на одлука за методологија на определување на бодови на обезбедување на платите… за да се дефинира точно каде е изворот на тоа и таму више да се попречи институционалниот аспект на изворите на таков излив на незадоволство. Значи да сме на чисто – вели Џафери.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...