Шест новозаразени од Салмонела утврди кочанскиот Центар за јавно здравје во Берово. Со ова, бројката на заразени се искачи на 11, од кои пет се деца од градинката 23 Август.
Серафимов не ја посочи возраста на новозаразените, но истакна дека заразувањето потекнува од една иста локација.
За подсетување, пред една недела пет дечиња од посочената градинка се заразија со Салмонела. Мострите од кујната на градинката се негативни. Се интензивираат испитувањата на епидемиолозите од кочанскиот Центар за јавно здравје за откривање на жариштето.