“Сакаме промени, сакаме одговорност” извикуваа студентите кои револтот го изразија денес со свирежи, транспаренти и “црвени картони”, собрани на булеварот пред Министерството за образование и наука. Исплатените стипендии денес не ги спречија учениците и студентите да излезат на протест бидејќи не се единствениот проблем со кој се соочуваат.
Која е пораката на денешните протести на студентите?
Протестот денес беше подржан од речиси сите универзитети во државата.