Антикризните мерки со кои под контрола се ставаат цените на храната за да се заштити животниот стандард треба да продолжат и по февруари, кога им истекува рокот, категорични се од синдикатот.
Аргумент за ова е континуираното зголемување на вредноста на синдикалната минимална кошница.
Подолг период на контролирани цени на економијата може да и донесе контра ефект, бидејќи не сите компании можат да ги издржат сегашниот неповолен економски момент, сметаат економистите.
Со оглед на политичкиот момент и пред изборието, најверојатно владините мерки ќе продолжат, но и со нив граѓаните се жалат дека им е прескапо, а убедени се дека трговците никој неможе да ги контролира. СПоред нив тие секогаш наоѓаат начин да го заобиколат и законот и владините одлуки.
Во моментов под контролирана цена се: леб, брашно, ориз, тестенини, производи од месо, млеко и други.