HomeМакедонијаСтудентите на протест во Понеделник

Студентите на протест во Понеделник

Published on

На 1 февруари нашите трансакциски сметки се празни. Министерството за образование и наука сè уште не ни ги исплати стипендиите за месец октомври. Во понеделник во 16 часот пред МОН на протест, повикуваат студентските организации.

„Исто така веќе две години ги пробиваат сите рокови за започнување на реконструкцијата на студентските домови кои се со субстандардни услови, а многу пати досега беше ветено дека ќе почне реконструкцијата во најбрз можен рок. Поради таа причина и слични други, како што е доцнењето на финансиската помош за превоз ние, студентите најавуваме масовен протест. Ги повикуваме сите наши колеги, другари да ни се придружат масовно на овој протест упатувајќи порака до МОН дека повеќе вака не може. Ако не се избориме сами за своите права, тогаш кој? Ако не сега, кога“, се вели во повикот на Студентски отпор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апсурд, незадоволство и петиција. Еден жител ја кочи реконструкцијатав на патот Делчево – Габрово

Само еден жител од делчевското село Габрово ја кочи реконструкцијата на регионалниот пат Делчево-Габрово. Незадоволни,...

Меѓународен ден на Децата на улица. Зошто на улиците се само деца Роми ?

Скоро сите деца на улица се од Роми, потенцира Васка Бајрамовска-Мустафа, советничка на омбудсманот...

Рачно изработен кујнски прибор од дрва. Љубов на дедо Санде од Врсаково

76 годишниот дедо Санде од Врсаково веќе половина век изработува кујнски прибор од дрва,...