Експлозивен механизам бил поставен во текот на ноќта во центарот на Атина во близина на Министерството за труд на Грција, а од експлозијата е предизвикана мала материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина. На експлозијата и претходел анонимен телефонски повик во весникот „Ефимерида тон сидактон“ со предупредување дека е поставен експлозивниот механизам, кој ќе експлодира за 40 минути
Од грчката полиција соопштија дека веднаш откако биле информирани од весникот, го затвориле просторот, а експлозијата се случила во 1.29 часот.