,,Ако одиш во Србија, немој да играш. Ако одиш во Босна, немој да пееш, но ако одиш во Македонија, немој ниту да пееш ниту да играш.” Оваа поговорка кажува се за богатството и традицијата на макеоднската музика и фолклор, а со неа безусловно се согласува и Горанчо Ангелов, професор доктор по етно музикологија и етно органологија на штипскиот универзитет.
Се чини наивно е, да се објасни од каде во душата на македонскиот народен творец доаѓа целата дарба, но нешто посебно има.
Зад овој народ стои огромна традиција и неизмерливо духовно богатство кое пак од друга страна треба да се сочува, да се негува и да продолжи. Дали во денешно време за тоа има услови ?
Иако, е парадоксално, но вистина е дека новите трендови кои кај нас секојдневно се појавуваат практично се најголемите убијци на досега споменатото духовно богатство. Како ова богатство да се сочува ?
Професор д-р Ангелов, се чини е најголемиот и најхрабриот чувар на нашиот фолклорен идентитет, а за тоа Бог му дал дарба која тој ја разбрал уште многу мал. Кога сфатил дека е талентиран музичар и дека за кој инструмент и да се фати тој го познава .
Она што го носел во душата одсекогаш тој без дилеми одлучил засекогаш да го пренесува на сите генерации. Колку успева и колав интерес има ?
Освен што го следи, чува, негува и засекогаш складира на сите можни начини нашето традиционално, Ангелов е и креатор и творец кој никогаш не излегол надвор од традицијата.
Сето ова, за Ангелов не е напор туку здоволство кое го живее 24 часа на ден и е неверојатно горд на тоа чувство.
За оние што не знаат, Горанчо Ангелов, големиот чувар на македонскиот фолклор и музичка традиција е роден брат на Стојанче Ангелов, големиот чувар на македонскиот идентитет, воен генерал, учесник во конфликтот во 2001, неверојатен ентузијаст и човек кој секогаш е подготвен да помоигне.
Браќа по крв и по убедување кои на свој начин ја чуваат Македонија !