„Некој во Берово прикрива масовно труење на дечиња со салмонела“, тврди доктор Ненад Лазаров во својот фејсбук статус.
Во Берово некој прикрива масовно труење на дечиња во градинка со салмонела. За 6 деца има потврда, а реалниот број на терен е поголем, кујна на градинката се затвара тек после 2 недели, напиша Лазаров на Фејсбук.
Од Центарот за јавно здравје Кочани од каде се очекуваат резултатите кои треба да го утврдат жариштето на опасната болест велат:
Од појавата, пред 3 дена директорот Серафимов вели дека бројот на заразени деца се зголемува.
Градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, тврди дека не знае кога кочанскиот ценатр ќе ги има резултатите од анализите за што ни испрати кратка СМС порака.
За резултатите нема повратна информација. Незнам кога ЦЈЗ ќе ги изработи анализите, напиша Пекевски.
Во меѓувреме, превентивно кујната во детската градинка ,,23 Август” e под клуч, а храна на децата им носат родителите од дома.