Владата го договара стратешкиот инвеститор за изградба на соларна електрична централа во Пехчево. Во предлог законот доставен во Собранието може да се види дека ќе се потпише договор со Друштво за производство, трговија и услуги ХЕК СОЛАР МК ДОО Негрево, Пехчево, кое ќе биде стратешки инвеститор за овој голем проект.
Од друга страна, Предлого законот ја објаснува неговата попирока поента. Целта на овој Предлог закон е реализација на инвестициониот проект „
СОЛАРНА ЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА – ПЕХЧЕВО“, што претставува еден од проектите со највисок приоритет за државата а со што ќе се постигне: остварување на целите утврдени во Стратегијата за развој на енергетиката во Македонија до 2040 година во однос на декарбонизацијата, односно остварување на „Зеленото сценарио“ со кое се предвидува дека во 2040 година емисиите на стакленичките гасови се намалуваат за 61,5 проценти во однос на 2005 година. пишува во законот доставен во Собранието.
Проценетата вредност на капитaлот што стратешкиот инвеститор планира да го инвестира за реализација на стратешкиот инвестиционен проект изнесува 51.925.000 евра, кои ќе бидат обезбедени од стратешкиот инвеститор од приватни средства, средства обезбедени од комерцијални банки, банки за развој и меѓународни финансиски институции и фондови.
Покрај другите, инвестоторот на оваа централа ја има и следната обврска. На секои шест месеци од почетокот на комерцијалното работење на фотонапонската електроцентрала, стратешкиот инвеститор има обврска да уплаќа на Фондот за развој организиран од Развојната банка на Северна Македонија 1 евро по продаден и наплатен MWh, за време на целиот период на експлоатација на фотонапонската електроцентрала – се појаснува во законот.