HomeМакедонијаСДСМ: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ, ги излажа граѓаните за пасошите...

СДСМ: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ, ги излажа граѓаните за пасошите и се отвори Случајот онкологија

Published on

Три соопштенија до јавноста денес упатија од СДСМ. Во нив меѓу другото стои.

Се што кажа Христијан Мицкоски излажа. Нели единствен услов му беше ДУИ да не биде дел од Владата? Нели велеше дека прифаќа се само Влада без ДУИ не прифаќа? И сега ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Министрите на ДПМНЕ му се поклонија на Талат Џафери.

Во однос на Случајот онкологија од СДСМ рекоа:

После 20 годии шепотење и непреземање ништо надлежни институции го отворија и го расчистуваат случајот Онкологија токму во време на СДСМ. Лагите на ДПМНЕ не значат ништо, вистината е поразителна за оваа лажна партија која едно зборува друго прави.

За проблемот со издавањето на личните документи и огормните граѓански реакции од СДСМ потсетуваат дека ВМРО – ДПМНЕ пред неколку дена зборувал поинаку.

ДПМНЕ до пред само неколку дена велеа дека Спасовски не можел да го реши проблемот, дека МВР не работело со сите капацитети, дека со закон ќе интевенирале за да се пролонгира важењето на старите пасоши. Како влегоа во техничката Влада ништо не важи, нема ништо од најавите на ДПМНЕ кои на граѓаните треба да им се извни, порачаа денес низ соопштенија од СДСМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...