Бројот на пензионери во државата се зголемува а бројот нa вработени кои го полнат буџетот се намалува. За 4 години, од 2019 дo 2023 бројот се намалил за цели 105 000 односно од 614.000 на 509 000 вработени.
Овие податоци го даваат соодност на 1,64 вработен кон еден пензионер бидејки нив во државата ги има околу 334 000 .
Може ли реално системот да го издржи ова?
Според податоците, 2024 година нема да биде рекордна само по префрлените средства од буџетот, туку и колку пари ќе се соберат во Фондот и колку вкупно пари му се потребни за да функционира нормално.
Од каде пари за пензии кога Фондот ги нема доволно за исплата на пензиите? Како сe снаоѓа државата за редовно да ги исплаќа пензиите?
Едно од решенијата во Европа е зголемување на старосната граница за пензионирање како што тоа последна го направи Србија со пензионерскиот праг на жените. Дали нашите идни пензионери на ова би се согласиле?
Според Синдикатот, воопшто не треба да се размислува за некакво зголемување на старосната граница за пензионирање.
Овие ставови се актуелни во период кога илјадници пензионери се незадоволни од пензиите и бараат линеарно зголемување на пензиите од 5 000 денари.