HomeМакедонијаГраѓаните заслужуваат одговор, каде се трошат општинските пари, реагираа од СДСМ Карбинци....

Граѓаните заслужуваат одговор, каде се трошат општинските пари, реагираа од СДСМ Карбинци. Општината е ликвидна и стабилна со над 90% успешност во капитални проекти, одговори Паунов

Published on

Општина Карбинци веќе 2 месеци молчи за набавката на половно, службено возило од марка  Volksvagen тип Passat произведено во 2017 година, граѓаните заслужуват одговор, стои меѓу другото во денешното сопштение од СДСМ Карбинци

 “Сакаме јавно да прашаме кој ја изготви техничката спецификација за набавка на половно возило, кој ја одобри тендерската документација, кој ја донесе одлуката за избор на најповолен понудувач, дали постапка за набавка е во согласност со законот за Јавни набавки”, реагираат од СДСМ

СДСМ да одговори како секоја година кога тие беа на власт во Карбинци се трошеше по едно ново возило во кафеани за репрезентации? одговори денес градоначалникот Виктор Паунов

 “Оставија институција без основни услови за функционирање со милионски суми годишно потрошени пари за нерационални трошоци. Оваа локална власт има реализација на програмата со над 90% успешност во капитални проекти, а општината е ликвидна и стабилна финансиски како никогаш до сега.  Карбинци ќе продолжи да работи успешно со подобрување на функционирањето и на животот на граѓаните по сите основи”, стои во реакцијата на градоначалникот Паунов.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски пред парламентот наидовме на опљачкана држава и кримал на секаде

Наследивме опљачкана држава и кримаинал на секаде околу нас но за 30 дена од...

Угледниот професор Бранимир Јовановиќ алармира : за камати годишно плакаме повеке отколку за пензии и социјална помош

Постојат два загрижувачки индикатори поврзани со ребалансот на Буџетот за 2024 година што новата...

СДСМ повторно  поставува прашања за имотот на Јанушев и Тошковски

СДСМ  денес повторно поставува прашања за имото на Игор Јнаушев и Панче Тошковски. Првиот...