Зградата во која се наоѓаат Врховниот, Вишиот и Апелациониот суд на Црна Гора утрово е евакуирана поради заканувачка порака која пристигнала на нивните адреси.
Во пораката стоело дека во тие судови биле поставени експлозиви и антракс.
Поради заканата, евакуирано е и Врховното државно обвинителство, а во заканувачкиот мејл пишува дека експлозиви биле поставени и во општина Подгорица.