Не сме сите исти и доста е. 24 часа живееме со спуштени ролетни и повеќе така не можеме, се огласија поединци од зградата со најнесовесните станари во Штип, откако ТВ Стар ја објави вистината на колосалната нехигиена околу една од социјалните згради во штипската населба Сењак.
Некој семејства во истата зграда имаат сериозно болни членови, но хигиената, непочитувањето на куќниот ред и соседското насилство уште повеќе им ја драматизираат состојбата.
Нашиот соговорник, станар во оваа зграда вели дека досега безброј пати за овој срам реагирале, најпрво кај соседите станари, до ЈП Исар, но и некои институции, но се било залудно.
Еден од начините нештата да дојдат на свое место е и скорешниот датум кога … со станарите треба да го продолжи договорот за користење на овие станови во чии услови јасно стои како треба секој да се однесува.
Проблемот со оваа зграда го сврте вниманието на пошироката јавност, но за несовесните реперкусии засега нема. Станарите кои со ваквата состојба не се помируваат наскоро планираат со проблемот јавно да го запознаат градоначалникот, директорот на ЈП Исар од кој ќе се бара комуналните инспектори конечно да ги санкционираат несовесните.