HomeШтипВо пензија замина Раде Рогожаров. Човекот со сите таленти и прекрасна душа

Во пензија замина Раде Рогожаров. Човекот со сите таленти и прекрасна душа

Published on

Пред само неколку дена во пензија замина Раде Рогожаров, човекот кој категорично ги поседува сите таленти на едно место. Раде речиси 40 години беше врвен артист, шоумен, водител, музичар и човек со прекрасна душа.

Сето ова на едно место ретко се сретнува поради што и Раде го знаат сите генерации, а тој зад себе остава неверојатен печат во забавниот живот кај нас.

Како ја доживеа Раде разделбата што живот значат ?

Колку улоги Раде одиграл во животот и во колку претстави го гледала публиката.

Во сите нив Раде покажуваше доминантност ставајќи ги во функција сите негови таленти.

Требаше ли за тоа напор или се одеше само од себе ?

Сепак, театарот на секогаш полниот со енергија Раде театарот му беше претесен и колку и да беа комплексни неговите улоги, тие за него беа малку. На Раде секогаш му требаше повеќе.

За Раде публиката е живот без кој тој неможе. Тој сака со неа да разговара на сите можни уметнички начини.

Покрај сите настапи, концерти и телевизиски емисии сепак Раде во историјата останува и како актер во првиот македонски музички спот кој се појави на светски познатата музичка телевизија MTV.

Меѓутоа, во еден период Раде Рогожаров популарноста се обиде да ја искористи и во политиката. Раде беше и независен кандидат за градоначалник на Штип.

Во низата дарби влегува и нешто за кое огромен дел од јавноста и незнае, а тоа дека Раде важеше за еден од најголемите таленти во атлетиката и гимнастиката. Раде, во пубертетот можеше да трча како див коњ и да изведува вежби кои за другите беа невозможни.

Сепак, од сето она што останало зад него што самиот Раде мисли за својата кариера. Дали е задоволен и кој е неговиот омилен дел ?

Раде Рогожаров е роден во Штип 1960 година. Завршил факултет за драмска уметност во класата на Слободан Унковски и сигурно е сестрано најталентираниот штипјанец на сите времиња.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...