HomeЗдравјеПроќељ – мал, но моќен природен борец против ракот

Проќељ – мал, но моќен природен борец против ракот

Published on

Поради мирисот кој се шири при готвењето и горчината, проќељот не е омилено јадење на сите.

Луѓето главно или го обожаваат или не го поднесуваат. Во која група и да сте, не е лошо да знаете дека тој има големи здравствени придобивки.

Затоа што е член на фамилијата зелки проќељот е сличен на обичната зелка, но сепак со поспецифични карактеристики кои го обележуваат, потенцираат производителите.

Цената на проќељот е 120 денари за половина килограм, па со оглед на цената продавачите се задоволни, а голем дел од граѓаните никогаш и не го пробале.

Сепак, важно е да се знаат многуте здрави придобивки од него, а меѓу најважните може да се издвои превенцијата од појава на рак.

Може да се каже дека прокељот е чувар на здравјето бидејќи во своот состав поседува значајни антиоксиданси како индоли, лутеин, зеаксантин, сулфорафан. Заедно, овие фито состојки се борат и превенираат од појава на канцер на простата, дебелото црево и матката.

Ова пладне, на пазарот во Штип можеа да се најдат сите сезонски овошки и зеленчуци, а нивнице цени беа следни:

Компир 50, зелка 60, млад кромид 25 ,марула 40, , лимон 60, банана 70, мандарина 60, кива 60 ,јаболка 50 и спанаќ 100 денари за килограм.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...