HomeШтипВо Штип се продава "златна" парцела. Ќе чини најмалку 2 милиони евра

Во Штип се продава “златна” парцела. Ќе чини најмалку 2 милиони евра

Published on

7.000 метри атрактивно градежно земјиште наспроти некогашниот штипски диспанзер, а во близина на кружниот тек кај Кипер во населбата Сењак објави за продажба о. Штип денес, стои во објавениот оглас од општината.

Оваа локација и просторот позади мене одамна предизвикуваат внимание кај потенцијалните инвеститори кои овде можат да градат. Почетната цена  е речиси 40 евра за квадрат, но предстои наддавање и се очекува нејзино повеќекратно зголемување.

Заинтересираните треба да достават банкарска гаранција која изнесува 350 илјади евра, а рокот за пријавување и учество е до 26 февруари кога по електорнски пат ќе се оддржи јавното наддавање.

Во другите услови стои дека електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник, наддавањето ќе се врши чекорно, но не помалку од 4 евра по квадрат. По завршување на постапката за јавно наддавање, Комисијата е должна во рок од три работни дена да достави барање за мислење до државниот правобранител за оттуѓување на градежното земјиште кое е во сопственост на државата.

Најповолниот понудивач е должен во рок од 15 дена од добивање на известувањето за избор за најповолен понудивач да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена во износ од 10% во вредноста од банкарската гаранција.

Со оглед на атрактивноста на земјиштето овде се очекува цена која што ќе достигне можеби и над 300 евра по квадрат што значи идниот купувач уште одсега за оваа парцела треба да подготви над 2 милиони евра.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...