HomeМакедонијаШведска е замка. На нашите им се нуди една, а ги чека...

Шведска е замка. На нашите им се нуди една, а ги чека друга работа

Published on

Шведска може да биде голема работна замка за македонците кои таму сакаат да работат. На нив им се нуди едно, но најчесто ги чека друго работно место, на црно, без работна дозвола и плати кои ги заслужуваат.

Ова предупредување стигнува од Ивана и Благица кои се дел од групата Македонски амбасадори во Шведска кои доставија допис до ТВ Стар со предупредување нашите да не паѓаат во стапица и поголема невоља.

Ја известуваме македонската јавност, особено корисниците на социјалните мрежи кои се членови на групи што нудат посредување на работа во странство, да бидат исклучително внимателни околу веродостојноста на објавите околу посредувањето. Станува збор за злоупотреба на објави од страна на поединци за да стекнат материјална корист или евтина работна сила на штета на заинтересираните баратели на работа. Посредувањето за работа во Шведска на овој принцип е практично невозможно и противзаконско“, велат тие.

Според Ивана и Благица се работи за огласи за сезонски работници во пицерии, ресторани, слаткарници, трговски центри, пошта, фабрики, фабрики за козметика со работен договор со „можност за добивање работна дозвола“.

Се работи и за поединци кои агитираат за провизија како посредници на црната берза на работна сила. Шведска има стриктна легислатива околу правото за добивање дозвола за престој, а со самото тоа и работна дозвола. Регуларно документите се поднесуваат преку шведската амбасада во Скопје за граѓаните со македонски пасош, а процесот на одобрување трае од три до шест месеци кога се работи за влез во Шведска врз основа на претходно склучен договор за работа и писмена покана од страна на работодавачот, изјавија тие за ТВ Стар

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апсурд, незадоволство и петиција. Еден жител ја кочи реконструкцијатав на патот Делчево – Габрово

Само еден жител од делчевското село Габрово ја кочи реконструкцијата на регионалниот пат Делчево-Габрово. Незадоволни,...

Меѓународен ден на Децата на улица. Зошто на улиците се само деца Роми ?

Скоро сите деца на улица се од Роми, потенцира Васка Бајрамовска-Мустафа, советничка на омбудсманот...

Рачно изработен кујнски прибор од дрва. Љубов на дедо Санде од Врсаково

76 годишниот дедо Санде од Врсаково веќе половина век изработува кујнски прибор од дрва,...