Ученик од осмо одделение во училиште во Суботица се заканил дека ќе го убие целото одделение, класниот раководител и наставничката по хемија“, тврдат за „Блиц“ родителите на децата кои го посетуваат ова училиште.
Мајка на еден од учениците вело дека истото момче претходно го нападнало и нејзиното дете користејќи слични закани.
Tатко на ученик од пониските одделенија за „Блиц“ вели дека ученикот неодамна недолично се однесувал на часовите, поради што училиштето одлучило да го суспендира од настава на пет дена. Наводно ваквата одлука кај него предизвикала дополнителен револт.